Данска ги забрани сите летови на цивилни дронови до 3 октомври, пред самитот на Европската унија во Копенхаген, објави данскиот министер за транспорт. Министерството објави дека одлуката е донесена за „олеснување на безбедносната работа“ на полицијата, објаснувајќи дека не можат да дозволат „странски дронови да создаваат несигурност и одвлекување на вниманието“. Данска, како и неколку други европски […]
Сириски суд издаде налог за апсење во отсуство на поранешниот претседател Башар ал-Асад по обвинение поврзано со инцидентите во Дара од 2011 година. Истражниот судија од Дамаск, Тавфик ал-Али, за новинската агенција Сана изјави дека налогот за апсење вклучува обвиненија за убиство со умисла, тортура што довела до смрт и лишување од слобода. Судската одлука […]
Една од пистите на аеродромот „Схипхол“ во Амстердам беше затворена околу 45 минути денес откако пилотите и набљудувачите на авиони забележаа дрон, објави холандскиот јавен радиодифузен сервис НОС. Според полициското соопштение, контролата на летање добила повеќе пријави за дрон што лета на надморска височина од околу 150 метри околу 12:10 часот. Во пренос во живо […]
Преговорите за прекин на борбите во Газа беа интензивни и продуктивни и ќе продолжат колку што е потребно, изјави американскиот претседател Доналд Трамп по состанокот со арапските лидери во Њујорк во петокот. „Интензивните преговори траат веќе четири дена и ќе продолжат сè додека е потребно за да се постигне успешно завршен договор. Вклучени се сите […]
Палестинското милитантно движење Хамас денес објави дека не го добило планот за прекин на огнот во Појасот Газа предложен од американскиот претседател Доналд Трамп, откако израелските медиуми објавија дека групата го прифатила предлогот. „На Хамас не му е презентиран никаков план“, изјави за Ројтерс официјален претставник на Хамас под услов да остане анонимен. Израелскиот весник […]
Поради пренатрупаност и прекумерна толпа, пристапот до Октоберфест беше затворен денес попладне, објави „Билд“. Полицијата во Минхен објави на Твитер во 17:56 часот дека имало премногу гужва. „Настанот Октоберфест сега е затворен поради голема посетеност. Ве молиме, не доаѓајте на Октоберфест“, се вели во соопштението. Полицијата го издаде ова известување на англиски и италијански јазик […]
Полска ноќеска, поради интензивниот напад на Русија со ракети и дронови врз Украина, ги затвори аеродромите во Љублин и Жешув и ги подигна своите и сојузничките борбени авиони, соопшти Оперативната команда на армијата. Аеродромите во Љублин и Жешув, кои се клучни за транспортот на западната помош за Украина и важни логистички точки за НАТО, остануваат […]
Три лица беа убиени, а осум беа ранети откако едно лице од брод пукаше во отворен бар на брегот во крајбрежниот град Саутпорт во американската држава Северна Каролина, изјави денес портпаролката на градот Чејен Кечам. Бродот од кој беше пукано во отворениот бар на „Американ фиш компани“ оттогаш плови по внатрешната крајбрежна рута, објави ABC […]
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека верува оти е близу до постигнување договор за крај на војната во Газа, пренесува Ројтерс. Како што им изјави на новинарите на излегување од Белата куќа, договорот за враќање на израелските заложници е близу. Синоќа, Трамп изјави дека во разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху […]
Министерството за внатрешни работи на германската покраина Шлезвиг-Холштајн во петокот објави дека во текот на ноќта биле видени дронови и дека истражуваат дали станува збор за шпионажа или саботажа, пренесува Ројтерс. „Делумно поради неодамнешните инциденти во Данска и други европски земји, покраината Шлезвиг-Холштајн е во постојани консултации со сојузната влада и германските вооружени сили“, изјави […]