Цената на европскиот природен гас денеска падна под прагот од 40 евра (43 долари) за мегават час (MWh), што е најниска цена од јули 2021 година. Како што јави ДПА, во утринските часови, индексот на ТТФ берзата во Холандија за договори за испорака за еден месец падна на 39,65 евра. Цените на природниот гас драматично […]
Силен земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Романија, а го почувствувале и граѓаните на Србија. Земјотресот е регистриран во 15:02 часот по локално време, на длабочина од 15 километри. Засега нема информации за материјална штета. Епицентарот на земјотресот бил на 13 километри северозападно од Таргу Зију, кој и претходно бил центар на потреси. (МИА)
Руската претседателска администрација им порача на функционерите да престанат да користат ајфони на Епл поради загриженоста дека уредите би можеле да бидат осетливи на западните разузнавачки агенции, објави денеска рускиот весник „Комерсант“. На семинарот организиран од Кремљ за функционери вклучени во внатрешната политика, првиот заменик-шеф на кабинетот на рускиот претседател, Сергеј Кириенко, им рекол на […]
Бројот на загинати во разорните земјотреси што ја погодија Турција на почетокот на февруари надмина 50.000, изјави денеска директорот на турската агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби, Јунус Сезер. Тој во обраќањето пред турскиот Парламент прецизираше дека загинале 50.096 лица, а повредени се 107.204 лица. Земјотреси со интензитет од 7,7 и 7,6 степени […]
Околу 43.000 луѓе починаа во текот на најдолгата суша во Сомалија минатата година, од кои половината беа деца. Тоа е првиот официјален податок за бројот на починати поради сушата што зафати големи делови од Рогот на Африка. Се предвидува дека најмалку 18.000 луѓе би можеле да починат во првите шест месеци од годинава. „Сегашната криза […]
Циклонот Фреди усмрти повеќе од 500 луѓе во Малави, Мозамбик и Мадагаскар откако минатиот месец го зафати копното, што ја прави една од најсмртоносните бури што го погодиле африканскиот континент во последните 20 години. Циклонот трае повеќе од еден месец и можеби е најдолготрајната бура досега, а собори и рекорди по интензитет. Циклонот Идаи уби […]
Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг, кој од денеска е во посета на Москва ќе разговараат за предлогот на Пекинг за запирање на конфликтот во Украина, соопшти Кремљ. „На овој или оној начин, прашањата покренати во планот (на Пекинг) за Украина ќе бидат разгледани за време на преговорите. Сеопфатни објаснувања ќе даде […]
Велика Британија ги намали царините на нула за сите стоки од Украина во мај минатата година, а во ноември начелно се согласи на дигитален трговски договор со Киев. Овој договор меѓу Велика Британија и Украина ќе биде потпишан денеска на состанокот на украинските министри и британските бизнисмени во Лондон. Британската секретарка за бизнис и трговија […]
САД го поздравуваат договорот што Косово и Србија го постигнаа во Охрид со посредство на ЕУ за имплементација на Договорот за патот кон нормализација на односите, соопшти Стејт департментот. „Ги пофалуваме претседателот на Србија и премиерот на Косово за нивното лидерство во постигнувањето договор. Исполнувањето на обврските на Косово и Србија од Основниот договор, во […]
Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска ја започнува посетата на Русија, што е негова прва посета на странска земја откако беше избран по третпат за претседател на Кина, а исто така прва посета на Русија од почетокот на руско-украинскиот конфликт во февруари 2022 година. Посетата ќе ги постави основите за развој на кинеско-руските односи во следните […]