Израел денеска се обиде да ја смири загриженоста на Западот во врска со промената на законот што го забранување населувањето на подрачјата што беа евакуирани во 2005 година, објавувајќи дека не планира да гради нови населби во тоа подрачје. Кнесетот вчера укина делови од тој закон што во пракса може да да им овозможи на […]
Стапката на инфлација во Британија скокна на 10,4 отсто во февруари, за првпат по четири месеци, што ги изненади аналитичарите и го зголеми притисокот врз централната банка да ги зголеми каматните стапки веќе на првата претстојна средба. Индексот на потрошувачките цени во февруари порасна на годишно ниво на 10,4 отсто во однос на 10,1 отсто […]
Израелски воени авиони рано утринава истрелаа ракети врз меѓународниот аеродром во градот Алепо на северот на Сирија, при што е причинета материјална штета, јавија сириските државни медиуми. Засега нема извештаи за загинати. Тоа е втор израелски напад на тој сириски аеродром во март. Како што е наведено, борбените авиони истрелале проектили во правец на Алепо, […]
Недостигот на вода поради нејзината прекумерна потрошувачка и климатските промени може да доведат до глобална криза на водата, предупредија ОН во извештајот објавен синоќа. Околу две милијарди луѓе немаат пристап до вода за пиење, а 3,6 милијарди немаат пристап до безбедни санитарни системи, се наведува во извештајот на агенцијата UN-Water и УНЕСКО пред денешното отворање […]
Претседателот на САД, Џо Бајден вчера им додели национални медали на повеќе познати личности за нивниот придонес во американското општество. Меѓу нив се рокерот Брус Спрингстин, глумицата Џулија Луис-Драјфус, историчарот Волтер Ајзаксон и писателката Ејми Тан. При одликувањето на Спрингстин со Националниот медал за уметности, имајќи ја предвид песната на Спрингстин, „Born to Run“, Бајден […]
Руската морнарица утрово „одбила“ напад со беспилотни летала врз пристаништето Севастопол на Крим анектиран од Москва, објави гувернерот на градот кој е поддржан од Кремљ. „Црноморската флота одби напад со беспилотни летала врз Севастопол“, напиша на Телеграм, Михаил Развозаев, гувернер на Севастопол поддржан од Русија. „Дроновите се обидоа да навлезат во нашиот залив, нашите морнари […]
Најмалку 13 лица ги загубија животите, а повеќе од 90 се повредени во земјотресот со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала во Авганистан и Пакистан, соопштија денеска владини претставници. Најмалку девет лица загинаа, а 44 лица се повредени во северозападен Пакистан, изјави претставник на пакистанската влада, додека најмалку четири лица загинаа во земјотресот во […]
Кинескиот претседател Си Џинпинг ја заврши државната посета на Москва и утрово ја напушти Русија. Неговиот авион полета од московскиот аеродром Внуково-2 по преполната дводневна програма разговори со рускиот претседател Владимир Путин. Русија е првата земја што Си ја посети по неговиот реизбор за трет мандат во Кинескиот национален народен конгрес (парламент) на 10 март. […]
Три лица загинаа, а уште седум се ранети во напади на руски беспилотни летала во текот на ноќта врз регионот на Киев, соопштија денеска украинските власти. Регионалната воена управа на Киев на својот канал Телеграм објави дека е оштетен „цивилен објект“ и дека спасувачите се уште работат на местото на нападот. Украинската војска соопшти дека […]
Банкарската криза што ја погоди Банката Силиконска долина (СВБ) минатата недела се прошири. Со ужас се сеќаваме на прелевањето на двете неодамнешни финансиски кризи: азиската финансиска криза од 1997 година, која доведе до длабока азиска рецесија и големата рецесија од 2008 година, која доведе до глобална рецесија. Новата банкарска криза ја погодува глобалната економија веќе […]