Потпишувањето на француско-германскиот договор, што начелно беше усвоен пред два дена во Брисел како Договор за пат кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија, нема да биде чин на формално признавање на независноста на Косово, но несомнено ќе биде чин на официјално прифаќање на независноста на Косово како политичка реалност, изјави денеска претседателот на […]
Густ чад, оган и вознемирени луѓе кои бегаат на безбедно, ова се сцените на кои самите патници се сеќаваат по спасувањето од патничкиот воз кој се судрил со товарен во Грција вчера доцна вечерта. „Сите надвор, таму има пожар“, се слуша како вика некој од патниците на едно од видеата. Патниците од возот бегаа низ […]
Американскиот Стејт департмент одобри потенцијална продажба на противтенковски проектили „Џавелин“ на Обединетото Кралство за 125 милиони долари, соопшти Пентагон. Европската побарувачка за американско оружје расте, но наместо скапа воена опрема како авиони и тенкови, списоците за купување се фокусирани на ракети кои се истрелуваат од рамо, артилерија и беспилотни летала кои се покажаа како клучни […]
Украинскиот претседател Володимир Зеленски се залага сите оние кои ја планирале, одобриле и извршиле руската инвазија врз Украина да одговараат пред меѓународниот суд. -Ќе го растуриме целиот руски геноциден систем, од запчаниците до архитектите, и ќе ги изведеме пред лицето на правдата, рече Зеленски во своето секојдневно видео обраќање по средбата со главниот обвинител на […]
Десетици ученички се примени во болница поради мистериозно труење, во последниот од серијата сомнителни напади во Иран, објавија денеска иранските медиуми. Во текот на последните три месеци, стотици ученички пријавиле респираторни проблеми, главно во градот Ком јужно од Техеран, пишува „Гардијан“. Претставник на иранската Влада потврди дека се сомнева дека станува збор за намерни напади […]
Портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс, синоќа изјави дека САД ги поздравуваат разговорите во Брисел како дел од дијалогот меѓу Белград и Приштина со поддршка на Европската унија, одржани на 27 февруарии и силно го поддржуваат процесот на нормализација на односите меѓу двете страни. Прајс посочи дека напредокот кон формирањето на Заедницата на српските општини […]
Патниците кои ја преживеаја тешка железничка несреќа во близина на грчкиот град Лариса, за медиумите изјавиле дека слушнале силен удар, а потоа вагоните почнале да се превртуваат. Како што рекоа, околу нив имало пламени јазици од сите страни, а некои се спасиле скокајќи од вагонот од голема височина. -Слушнавме силен тресок. Следните 10 секунди беа […]
Нигериската Државна изборна комисија денеска го прогласи кандидатот на владејачката партија Бола Тинубу за нов претседател на Нигерија по изборите од викендов, што беа оспорени и наидоа на критики од опозициските партии. Победата на Тинубу ја прошири контролата на владејачкиот Сепрогресивен конгрес (АПЦ) во најнаселената африканска нација, иако тој наследи голем број проблеми од претходникот […]
Директорот на ФБИ, Кристофер Вреј, синоќа изјави дека Агенцијата проценила дека пандемијата на коронавирус најверојатно била предизвикана од инцидент во лабораторија во кинеската провинција Вухан. -ФБИ веќе некое време проценува дека изворот на пандемијата е најверојатно потенцијален лабораториски инцидент во Вухан, изјави Вреј за Фокс Њуз. Неговата изјава доаѓа по неделниот извештај на „Волстрит џурнал“, […]
Најмалку 32 лица го загубија животот, а 85 се повредени во железничката несреќа што се случи кусо пред полноќ во близина на месноста Темпи кај грчкиот град Лариса, кога од засега непознати причини се судрија товарен и патнички воз. Спасувачките екипи цела ноќ беа на терен, нивната акција продолжува и утрово, а според официјалните информации […]