Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека поради американско-израелските напади врз Иран во таа земја биле евакуирани шест болници, но засега изгледа дека здравствениот систем функционира и дека иранските власти не побарале итна помош од оваа организација. „Системот на примарна здравствена заштита и здравствената инфраструктура во Иран се доста добри и стабилни, и засега се […]
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека ЕУ бара од Белград да се придржува до надворешната политика на Брисел како предуслов за продолжување на европските интеграции и дека, според него, нема сомнеж дека Брисел тоа го сфаќа како вклучување на Србија во војната во Украина. Тој посочи дека, во контекст на постојаната посветеност на Белград кон […]
Грција нема да се вклучи во никакви воени операции во Ормутскиот теснец, потврди портпаролот на грчката влада, а пренесе „Ројтерс“. Оваа одлука доаѓа како одговор на повикот на американскиот претседател Доналд Трамп упатен до Велика Британија, Кина, Франција, Јапонија, Јужна Кореја и други земји. Трамп побара сојузниците да испратат свои бродови на оваа стратешки важна […]
Шефицата на кабинетот на Белата куќа, Сузи Вајлс, има рак на дојка во рана фаза и веднаш ќе започне со лекување, но планира да продолжи да ја извршува должноста за време на терапијата, соопшти денеска претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп. Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“ наведе дека Вајлс има „одлична прогноза“ […]
Ирак постигна договор со Иран кој ќе им овозможи на ирачките танкери за нафта да минуваат низ Ормускиот теснец, изјави ирачкиот министер за нафта Хајан Абдул-Гани за медиумската мрежа Ал Џазира. Абдул-Гани потврди дека преговорите меѓу двете земји за овој пловен пат сè уште се во тек. Иран, кој го контролира теснецот, од почетокот на војната практично го блокираше поморскиот сообраќај во тој […]
Централната команда на САД (CENTCOM) денес ја обвини Исламската револуционерна гарда (IRGC) за ширење лажни тврдења за носачот на авиони „Абрахам Линколн“ и дека бродот е „онеспособен“. „Ударната група на носачите на авиони „Абрахам Линколн“ продолжува да одржува целосна доминација над иранскиот воздушен простор од поморскиот простор“, се вели во соопштението од Командата на платформата […]
Иранските власти уапсија 30 лица под сомнение дека им доставувале безбедносни информации на Израел, објавија денеска локалните медиуми, додека продолжуваат американско-израелските напади врз цели во Иран. Според Ројтерс, во северозападниот дел на Иран се уапсени 20 лица обвинети дека им доставувале информации на израелските сили за ирански воени и безбедносни локации. Во североисточниот дел на […]
Пакистан ноќеска изведе воздушни напади врз позиции на талибанците и „терористички засолништа“ во афганистанскиот Кандахар, објави пакистанскиот министер за информатичко работење во објава на платформата X во недела. Портпаролот на авганистанската влада, Забихула Мухахид, потврди дека нападите се изведени, но нагласи дека нема жртви. #Pakistan targeted a #drug #addiction_treatment center in #Kandahar
Воена локација во Кувајт, каде што се распоредени единици на американските и италијанските вооружени сили, рано утринава била погодена во напад со беспилотно летало. Станува збор за базата Али ал Салем, која според информациите била цел на ирански дрон. Според првичните податоци, беспилотното летало погодило складиште во рамките на базата и уништило дрон што припаѓал на италијанското […]
Туристите кои ја посетуваат Барселона од април ќе плаќаат и до 12 евра по ноќевање, откако градските власти одлучија да ја зголемат туристичката такса и дополнителната градска давачка за посетителите. Градот ја удвои туристичката такса, а зголемена е и таканаречената градска давачка на Барселона, која исто така ја плаќаат сите посетители. Гостите во хотели со […]