Терминалот за течен природен гас (ЛНГ) во грчкиот град Александруполи од денеска започнува со комерцијална работа, преку кој низа земји од југоисточна и централна Европа, меѓу кои и Северна Македонија ќе се снабдуваат со природен гас. Од „Гастрејд“, компанијата-оператор велат дека станува збор за еден од наважните енергетски проекти на европско, регионално, национално и локално […]
Видеото кое израелската армија го објави пред малку потврдува дека дел од израелските сили дејствувале во Либан уште пред да започне копнената офанзива синоќа, јавува Би-би-си. На видеото се гледа како командантот на елитната единица Егоз, која првично беше формирана за борба против Хезболах, им се обраќа на своите војници во текот на ноќта. Говорејќи […]
Утрово околу 03:30 часот пожар избил во стан на четврти кат од зграда на улицата Опатија во Осиек, Хрватска. Во пожарот е оштетена плинската инсталација, при што дваесетина жители се евакуирани. Припадниците на противпожарната служба на Осиек го изгаснале пожарот и ја обезбедиле зградата. Покрај овој пожар, осиек-барањската полиција извести дека околу 4 часот горел […]
Албанскиот премиер, Еди Рама, реагираше на хаосот во Собранието за време на денешната пленарна седница, на која пратениците од Демократската партија предизвикаа неред и ги запалија столчињата, откако ги изнесоа пред зградата. „Кога доаѓав овде, некој ми покажа оваа слика… Ова е огнот запален со столчињата на пратениците, избрани да ги претставуваат своите гласачи, и […]
Денешната попладневна седница на албанскиот парламент траеше само 15 минути поради хаосот предизвикан од опозициските демократски пратеници, што ја принуди претседателката Елиса Спиропали да ја прекине. Напнатата ситуација започна веднаш штом Спиропали предложи да му се одземе мандатот на пратеникот Ервин Салињани и да се побара замена од Централната изборна комисија, бидејќи тој во моментот […]
Единствената преостаната британска електрана на јаглен во близина на Нотингем денеска за последен пат ќе произведува струја по 57 години работа, пишува весникот Гардијан. Електраната ќе заврши со работа согласно светската политика за постепено укинување на електраните на јаглен. Затворањето го означува крајот на електричната енергија на јаглен што започна кога првата електрана на јаглен […]
Познатиот конгоанско-американски кошаркар Дикембе Мутомбо почина на 58 години поради тумор на мозокот, објави НБА. Мутомбо беше еден од најдобрите дефанзивни играчи во историјата на лигата и долгогодишен глобален амбасадор на кошарката. Неговото семејство пред две години соопшти дека Мутомбо се лекува од рак. „Дикембе Мутомбо беше извонреден човек. На теренот, тој беше еден од […]
Светот е побезбеден по убиството на шефот на Хезболах, Хасан Насрала, од страна на Израел, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Тој го опиша Насрала како „брутален терорист“ и нагласи дека регионалната и глобалната безбедност се подобриле без него. „Регионот и светот се побезбедни без него“, рече Блинкен, но истакна дека „дипломатијата останува најдобриот и […]
Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа во близина на источниот брег на руската област Камчатка, соопшти Германскиот истражувачки центар за геонауки (ГФЗ). Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, соопшти ГФЗ, пренесе Ројтерс. Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.
САД се во процес на извлекување на своите граѓани од Либан, додека Израел продолжува со нападите во регионот. Американската амбасада во Бејрут информира дека соработува со авиокомпании за организирање на дополнителни летови. Американските граѓани се повикани да избегнуваат патување во Либан или веднаш да го напуштат ако се таму. „Поради зголемената нестабилност по воздушните напади […]