Поранешниот американски претседател Бил Клинтон и неговата сопруга, поранешната државна секретарка на САД Хилари Клинтон, се согласија да сведочат како дел од конгресната истрага за случајот Џефри Епштајн. Одлуката на Клинтон да сведочат како дел од истрагата за Џефри Епштајн би можела да спречи планирано гласање во Претставничкиот дом предводен од републиканците за да се […]
Автобус се преврте во сообраќајот во турската покраина Анталија, објавија локалните медиуми. Во тешката несреќа што се случи утрово, загинаа осум лица, а 26 се повредени. Автобусот патувал ноќе од северозападниот град Текирдаг кон Анталија. Снимките објавени на социјалните мрежи го прикажуваат возилото како лежи настрана на насип на излез од автопат северозападно од централна […]
Новата рунда преговори меѓу Украина и Русија, со посредство на САД, ќе се одржи во Абу Даби, Обединети Арапски Емирати, во среда и четврток – 4 и 5 февруари, објави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој додаде дека Киев е подготвен за „суштинска дискусија“. „Нашиот преговарачки тим штотуку ми презентираше извештај. Датумите за следните трилатерални […]
Заканата од војна има моќ да го промени мислењето дури и на најголемите противници на еврото. Шведската владејачка класа започнува сериозно да ја разгледува идејата за прифаќање на заедничката европска валута, барајќи сигурност во бројноста за да се заштити од геополитичките тензии од двете страни на Атлантикот, пишува „Политико“. Откажувањето од шведската круна би претставувало […]
Летечки носач на авиони, поголем од кој било воен брод денес и потежок од супертанкер: кинескиот „Луанијао“ треба да влијае на војната на иднината како вселенско супероружје – но експертите го гледаат првенствено како пропаганден театар со политичка порака, пишува „Дојче веле“ . Според извештаите, Кина планира интегриран систем за воздушна и вселенска одбрана наречен […]
Бројот на жртви во катастрофалниот пожар во бар за време на новогодишната ноќ во швајцарски скијачки центар се искачи на 41, откако тинејџер повреден во несреќата почина во болница. Веста беше потврдена денес од канцеларијата на локалниот јавен обвинител, еден ден откако неколку стотици демонстранти маршираа низ Лозана барајќи „правда и вистина“ за жртвите на […]
Значајни целодневни нарушувања во јавниот превоз низ цела Германија се очекуваат денеска поради штрајк на национално ниво, организиран од синдикатот Верди. Се очекува автобусите, трамваите и подземните железници во многу општински јавни превозни претпријатија да не сообраќаат. Како што најавија претставниците на синдикатот Верди, штрајкот ќе се одржи во речиси сите 16 сојузни покраини. Според […]
Рекордни 65 милијарди американски долари во минатата година се слеаја во Туркије како приходи од еден од клучните економски сектори на земјата, туризмот. Објавените резултати за туристичката дејност во 2025 година говорат дека државата сѐ повеќе ја зацврстува својата позиција како една од најатрактивните светски туристички дестинации, а плановите за наредниот период се уште поамбициозни. […]
Голем дел од јавниот транспорт во Киев денеска е запрен поради проблеми со електричната мрежа. Прекините на струјата доведоа до целосно запирање на железничкиот и метро сообраќајот, како и на подвижните скали низ градот, информираат градските власти преку официјалниот Телеграм-канал. Градоначалникот Виталиј Кличко посочи дека поради пад на напонот во електричната мрежа, метро-станиците функционираат само […]
Прекин во работата на жичницата на планината Улудаг, во близина на турскиот град Бурса, денеска доведе до тоа 51 лице да останат заглавени во кабините за време на превозот, пренесе државната телевизија ТРТ Хабер. Инцидентот се случил околу 11 часот по локално време во областа Османгази, позната по хотелите и капацитетите за зимски туризам. Поради […]