Осум лица загинаа, а осум други се повредени во престрелка во Тел Авив, соопшти израелската служба за итни случаи. Полицијата соопшти дека ситуацијата сега е под контрола. Тие тврдат дека ги „неутрализирале“ двајцата напаѓачи кои ги опишаа како очигледни „терористи“. Израелските лекари претходно соопштија дека на местото на несреќата укажале помош на најмалку седум повредени […]
Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави денеска дека САД се подготвени да му помогнат на Израел да се одбрани од иранските ракетни напади и да ја заштитат американската војска во регионот. Џозеф Бајден на социјалната мрежа „Икс“ напиша дека разговарал со потпретседателката Камал Харис и со тимот за национална безбедност на Белата куќа за тоа како […]
Од Иран беа лансирани ракети кон Израел, се вели во соопштението на израелската армија. Се додава дека сирените се огласиле низ Израел. Да потсетиме, израелските војници синоќа извршија инвазија на територијата на Либан, со цел да извршат „ограничени операции против Хезболах“. Според израелските власти, операцијата ќе трае неколку дена. Претходно имаше силно гранатирање на Либан. […]
Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Џими Картер денеска наполни 100 години, со што стана првиот претседател кој го прославил тој роденден. Картер беше претседател од 1977 до 1981 година, а во последните 19 месеци беше во болница во неговата родна држава Џорџија, пишува Би-би-си. Поранешниот фармер, кој првпат влезе во политиката во 1960-тите како […]
Дваесетгодишен Кинез со нож нападнал деца додека оделе на дневен престој во Цирих, Швајцарија, три деца се повредени, од кои едно потешко, извести градската полиција. Напаѓачот е уапсен. На три повредени петгодишни момчиња, од кои едно потешко, им е укажана прва помош и се префрлени во болница. Засега не се познати причините за нападот. Откриени […]
Австрискиот конзервативен лидер и канцелар Карл Нехамер во вторникот го повика претседателот Александар Ван дер Белен да и довери на екстремно десничарската Партија на слободата (ФПО) мандат да формира коалициска влада, откако таа победи на парламентарните избори во неделата. Ова е прва победа партијата настроена кон Русија, откако е основана во 1950-тите. Нејзиниот прв водач беше нацистички функционер и […]
Повеќе од 400 пожарникари и доброволци трет ден се борат со шумскиот пожар на југот на Грција. За гаснење на пожарот во областа Коринтија на Пелопонез беа распоредени 20 авиони, на кои ќе им се придружат тројца од Италија и Хрватска, бидејќи Грција побара помош преку механизмот на ЕУ за цивилна заштита. Вчера беше објавено […]
Висок функционер на Белата куќа вели дека САД веруваат дека Иран се подготвува „итно да изврши напад со балистички ракети против Израел“. „САД имаат индикации дека Иран се подготвува веднаш да изврши напад со балистички ракети против Израел“, се вели во целосната изјава. „Ние активно ги поддржуваме одбранбените подготовки за одбрана на Израел од овој […]
Италијанскиот меѓународен аеродром „Орио ал Серио“ во Бергамо утрово е затворен откако при слетувањето пукна гума на летот на Рајанер, соопшти управата на аеродромот. Никој на летот кој пристигна од Барселона не е повреден, јавува Анса. Пожарникарите помогнаа во евакуацијата на патниците. #FR846’s tyres burst after landing at Milan Bergamo this
Високо ниво на штетни хемикалии е откриено во свежите пиперки од Албанија, објави европскиот систем за безбедност на храната. Станува збор за пестицидите пиримифос-метил и форматанат, чија употреба е забранета на територијата на Европската унија и некои други земји. Пиримифос бил 44 пати поголем од дозволената концентрација, а формат десет пати поголем. Нелегални хемикалии откриени […]