Хилари Клинтон денес пред конгресниот комитет изјави дека не се сеќава дека некогаш се сретнала со покојниот сексуален престапник Џефри Епштајн и дека нема информации да сподели за неговите криминални активности. „Не се сеќавам дека некогаш се сретнала со г-дин Епштајн. Никогаш не сум летала со неговиот авион, ниту сум ги посетила неговите острови, домови […]
Авганистан започна воена операција од „големи размери“ против позиции на пакистанската војска како одговор на неодамнешните воздушни напади, соопштија талибански претставници, пренесува BBC. Главниот портпарол на талибанците, Забихула Муџахид, изјави дека во офанзивата, започната доцна во четвртокот долж заедничката граница, бил убиен „голем број“ пакистански војници, а дел биле заробени. Во текот на ноќта се […]
Шпанија ќе ја забрани продажбата на енергетски пијалаци на лица помлади од 16 години, а оние со поголема содржина на кофеин и на лица под 18 години, бидејќи нивната консумација предизвикува нарушувања на сонот, однесувањето и кардиоваскуларни заболувања, изјави денеска министерот за социјални права и потрошувачка. „Енергетските пијалаци станаа закана за здравјето“, изјави министерот Пабло […]
Унгарските власти најавија нови мерки за заштита на критичната енергетска инфраструктура, поради, како што тврдат, зголемени безбедносни ризици поврзани со ситуацијата во регионот. Премиерот на Виктор Орбан соопшти дека е донесена одлука за засилено присуство на безбедносните сили во близина на клучни енергетски објекти. Тој изјави дека мерките се воведуваат поради наводни обиди за нарушување на унгарскиот […]
Пазарот на нови автомобили во Европската унија започна 2026 година со намалување на вкупната продажба, но со јасен тренд на зголемен удел на електрифицирани возила. Податоците за јануари укажуваат на промени во структурата на побарувачката, со сè поголем интерес за електрични и хибридни модели. Според најновите статистики, во јануари 2026 година бројот на ново регистрирани […]
Швајцарските власти најавија пакет мерки за финансиска поддршка по трагичниот пожар што избувна на новогодишната ноќ во бар во ски-центарот Кранс-Монтана. Во несреќата загинаа 41 лице, а 115 беа повредени. Според одлуката на владата, ќе бидат исплатени по 56.000 долари за секое лице што починало или било хоспитализирано како последица на пожарот. Од Владата наведуваат дека […]
Бугарскиот сервис на Радио Слободна Европа (RFE) ќе престане со работа на 31 март поради укинување на американското финансирање, дознава АФП од двајца вработени, неколку недели откако слично сценарио беше најавено и за Романија. Тимот активно работи на решение кое „ќе ни овозможи да продолжиме да ѝ служиме на нашата публика“, изјавил еден од изворите […]
Во Велика Британија е забележан медицински пресврт откако се роди првото бебе од жена на која ѝ била пресадена матка од починат донор. Станува збор за новороденчето Хуго Пауел, кое е родено во декември со царски рез во болницата Queen Charlotte’s and Chelsea Hospital во Лондон, со тежина од 3,1 килограм. На неговата мајка, Грејс […]
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот американски колега Доналд Трамп разговарале телефонски за прашања што ќе се разгледуваат за време на утрешните билатерални разговори во Швајцарија. Во изјава на американската социјална мрежа Х, по разговорот на кој присуствувале специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер, Зеленски изјавил дека разговарале и за подготовките […]
Бројот на жртви од поплавите во бразилската држава Минас Жераис се искачи на 46, додека 21 лице се водат како исчезнати, објавија властите. Поплави и лизгање на земјиштето ги погодија градовите Хуиз де Форе и Уба, кои се оддалечени околу 110 километри, принудувајќи околу 3.600 луѓе да ги напуштат своите домови, објави Ројтерс. Иако дождовите […]