Чудо во Словенија! Превц го урна светскиот рекорд, „полета“ и доскокна до „киоскот за виршли“

Ника Превц во втората серија тренинг во Планица направи историски скок од 242,5 метри и постави нов светски рекорд во женските ски-скокови, надминувајќи го сопствениот рекорд од Викерсунд за 6,5 метри. Со тоа уште еднаш ја потврди доминацијата на семејството Превц во светот на ски-скоковите.

„Никогаш досега не сум уживала вака“, изјави Ника за словенечката телевизија и додаде:

„Планица навистина е посебна, првиот тренинг-скок веќе разбуди посебни емоции, а овој вториот беше фантастичен ден.“

Планица не престанува да ги воодушевува навивачите, бидејќи скокачите достигнуваат неверојатни должини. Дополнително, оваа скокалница сега гордо ги држи двата светски рекорди во ски-скокови – братот на Ника, Домен Превц, минатата година постави рекорд кој сега заостануваше само 12 метри зад нејзиниот, па навивачите често, и со право, на шега велат дека скокачите на ова залетиште умеат да доскокнат до „паркингот“ и до „киоскот за виршли“.

Погледнете го неверојатниот скок на Ника Превц:

,Инаку, на првиот тренинг Ника оствари скок од 216 метри, додека во втората серија изведе спектакуларни 242,5 метри. Вториот најдолг скок го имаше Норвежанката Еирин Марија Квандал со 226 метри, што дополнително покажува колку е импресивен рекордот на Ника.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ