Денес во Лабуништа: Акција „Здравје за сите“ со бесплатни прегледи

ЈЗУ Здравствен дом Вевчани денес ја спроведува здравствената акција „Здравје за сите“, која започна во 09:00 часот во амбулантата во село Лабуништа.

Граѓаните имаат можност да извршат бесплатни здравствени прегледи и да добијат консултации од медицинскиот тим од Вевчани.

Акцијата има за цел навремена превенција и унапредување на здравјето на локалното население, со приближување на здравствените услуги до граѓаните.

Со почит,
ЈЗУ Здравствен дом Вевчани.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ