Најмалку 21 лице е повредено вчера во несреќа на француските Алпи кога автобус со деца се превртел и низ падина и паднал во поток.
Во автобусот се превезувале 40 основци.
Возачот и совозачот се најтешко повредени, додека 18 деца и еден возрасен се здобиле со полесни повреди, изјави Фабиен Мулик, градоначалник на градот Корп, каде што се случила несреќата.