Дете почина по напад со нож од тинејџер во училиште во Московскиот регион

Тинејџер нападнал чувар и ученик со нож во училиште во Московскиот регион, а детето им подлегнало на повредите, соопшти Рускиот истражен комитет.
„Утрово, во образовна институција лоцирана во селото Горки-2 во градскиот округ Одинцово, малолетник со нож избодел чувар и ученик. Детето починало како последица на повредите“, соопшти Истражниот комитет, пренесува Интерфакс.
Сите околности на инцидентот се утврдуваат, соопштија руските власти.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ