Дваесет и четиригодишната Т.С. е ранета денес во пукотница на главниот пат Цетиње-Будва, во близина на Брајиќи, соопшти Управата на црногорската полиција (УП).
Во соопштението се наведува дека жртвата била на мотоцикл со С.Б., и дека по пукотницата, таа е префрлена во болницата во Цетиње.
Неименувани извори за „Вијести“ изјавија дека мотоциклот го возел Стефан Белада (48), порано познат како Мило, наводно член на кланот Скаљар од Цетиње.