Џудо клубот „Дрим“ од Струга освои пет медали во Сараево, Босна и Херцеговина

Џудо клубот „Дрим“ од Струга минатиот викенд учествуваше на меѓународниот турнир „БХ Опен“ кој се одржа во Сараево, Босна и Херцеговина.

Струшките чудисти освоија вкупно пет медали: златен медал за Даријан Ночески, сребрен медал за Енил Ајдиноски и бронзен медал за Давид Спироски, Елеонора Јосифоска и Софија Ноческа. Мила Стојмиловска освои 5то место.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ