Бродот, кој се наоѓал на околу 30 километри западно од Јемен, пријавил дека дошло до размена на оган откако забележал околу 15 мали чамци на растојание од 185 до 370 метри, соопшти денес Британската канцеларија за поморска трговија (UKMTO).
Од бродот беше објавено дека чамците подоцна се оддалечиле и дека е во состојба на зголемена готовност, пренесува Ројтерс.
Капетанот на бродот изјави дека екипажот е безбеден и дека бродот го продолжува своето патување кон следното пристаниште.
Драма во Црвеното Море: Брод нападнат кај Јемен
©2024 Спектра ТВ. Сите права задржани. Made by
Ultrasoft