Двајца загинаа, а 39 се повредени во сообраќајна несреќа со туристички автобус во близина на Хургада, Египет

Во судир меѓу туристички автобус и камион во близина на египетскиот град Рас Гариб, во близина на Хургада, рано утрово загинаа две лица, а 39 беа повредени, соопштија египетските власти.
Во соопштението се вели дека загинале возачот на автобусот од локална туристичка компанија и уште едно лице, а меѓу тешко повредените има и странски државјани, пренесува „Мирор“.
Повредените се пренесени со амбулантно возило во болниците во Хургада и околните области.
Рускиот генерален конзулат во Хургада потврди за ТАСС дека една Русинка загинала во судир на туристички автобус во Египет, а дека се повредени уште 27 руски државјани.
Според прелиминарните информации од конзулатот, автобусот патувал од Хургада до Каиро, а во несреќата се повредени вкупно 39 лица.
Пет руски државјани се хоспитализирани поради повредите.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ