Едно лице е убиено , а друго е тешко повредено во пукотница на Државниот универзитет во Кентаки , соопштија денес локалните власти во градот Франкфорт.
И двете лица се студенти на Државниот универзитет во Кентаки, но осомничениот напаѓач не е, објави Си-Би-Ес.
Пукањето се случило пред студентскиот дом „Јанг Хол“ на јужната страна од универзитетскиот кампус, соопштија локалните власти и потврдија дека осомничениот е уапсен и подоцна идентификуван како Џејкоб Ли Бард од Евансвил, Индијана.
Бард веднаш бил приведен од универзитетската полиција на местото на пукањето под сомнение за убиство од прв степен и напад. Гувернерот на Кентаки, Енди Бешир, и помошникот началник на полицијата во Франкфорт, Скот Трејси, го опишале пукањето како изолиран инцидент.
„Повреденото лице е префрлено во локалната болница во критична, но стабилна состојба“, рече Трејси.
Полициската управа во Франкфорт соопшти дека реагирала на пукањето во кампусот на Државниот универзитет Кенсингтон во околу 15:35 часот по локално време.
Еден студент убиен, друг тешко ранет во пукање пред студентски дом во САД
©2024 Спектра ТВ. Сите права задржани. Made by
Ultrasoft