Четириесет и осумгодишна жена почина денес во Мадрид откако падна од стан на десеттиот кат од солитер со своите две тригодишни деца, кои го преживеаа падот, но беа сериозно повредени.
Шпанскиот весник „Ел Паис“ објави дека во станот немало никој друг освен жена со две мали деца.
Едно повредено дете е згрижено во Универзитетската болница „12 Октомври“, а другото во Детската болница „Нињо Хесус“ и се во критична состојба, според шпанскиот весник.
Една жена почина, две деца преживеаа откако паднаа од десетти кат на станбена зграда во Мадрид
©2024 Спектра ТВ. Сите права задржани. Made by
Ultrasoft