Голема полициска акција е во тек во израелската амбасада во Стокхолм. Според информациите, полицијата пронашла оружје и чаура.
„Во областа се слушна експлозија, а ние сме таму и проверуваме“, изјави портпаролката на полицијата Надја Нортон.
Полицијата се наоѓа во израелската амбасада на улицата Страндвеген во Стокхолм со неколку полициски возила, откако дојавата стигна нешто пред 18 часот во вторникот вечерта.
ФОТО: Архива