Европската авијациска корпорација „Ербас“ ги извести авиокомпаниите дека итните поправки на некои од нејзините авиони „А320“ поради софтверска грешка би можеле да се извршат порано отколку што првично се сметаше, потврдија денес извори од корпорацијата.
Иако останува фактот дека околу 6.000 авиони имаат потреба од поправка, се проценува дека бројот на авиони на кои им е потребна долгорочна промена на хардверот наместо брзо решение на софтверот ќе биде помал од првично проценетите 1.000, објавува „Ројтерс“.
Неколку авиокомпании ширум светот откажаа летови поради софтверски проблеми во авионите „Ербас“.
„Ербас“ претходно соопшти дека открил дека интензивното сончево зрачење може да ги оштети податоците кои се критични за функционирањето на контролите на летот.
Многу авиокомпании, вклучувајќи ги „ИзиЏет“, „Бритиш ервејс“, „Ер Лингус“, „Луфтханза“, „Американ ерлајнс“, „Делта“, „Виз ер“, „Ер Франс“ и „Ол Нипон ервејс“ (АНА), потврдија дека се погодени од софтверскиот проблем во авионите од серијата „Ербас“ А320.
Ербас ги информираше авиокомпаниите дека поправките на авионите можат да се завршат брзо
©2024 Спектра ТВ. Сите права задржани. Made by
Ultrasoft