Ева Каили од ЕП останува во затвор уште два месеца

Европратеничката Ева Каили, до неодамна потпретседателка на Европскиот парламент, останува во затвор уште најмалку два месеца, одлучи денеска судот во Брисел. Претходно оваа недела, нејзината одбрана побара Каили да биде ослободена со нараквица за следење, објавија локалните медиуми.

Претходно денеска судот одлучи да го остави во затвор и европратеникот Марк Тарабела. Каили беше приведена во декември, а Тарабела на почетокот на февруари.

Во меѓувреме, судот го ослободи пријателот на Каили, Франческо Џорџи, нејзиниот татко, како и уште еден од наводните соучесници. Во затвор останува поранешниот европратеник Антонио Панцери, обвинет дека е шеф на организирана криминална група, кој стана сведок на обвинителството и се согласи на казна под законскиот минимум. Каили, Тарабела и Панцери беа обвинети за корупција во корист на Катар и Мароко.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ