Маврово навистина го заличи.
До изутринава во Маврово е регистрирана нова снежна покривка од дури 70 сантиметри.
До изутринава во 7 часот најмногу дожд наврна во Демир Капија, дури 127 литри на метар квадратен. Значителни врнежи имаше во најголем дел од Македонија.
„Како што и претходно најавив, врнежите продолжуваат до крајот на денов во Македонија, а со тоа и снежната покривка ќе се зголемува на повисоките места, планините и Скијачките центри. Снежната граница, особено во западните предели ќе се спушти до околу, а може и под 1000 метри надморска височина“, пишува метеопрогнозерот Славчо Поповски.