Во срцето на Националниот парк „Галичица“, европскиот елен се враќа дома, не само како симбол на дивината, туку како клучен чувар на рамнотежата во екосистемот.
– Присуството на елените во Националниот Парк „Галичица“ е клучно, тие ја поттикнуваат разновидноста на растителни видови и ја поддржуваат природната рамнотежа на паркот, информираат од паркот.
Целта е создавање на самоодржлива популација на елени, слободни да се движат во своето природно живеалиште. Делегацијата на Европската Унија цо Македонија ја препозна потребата и преку програмата „Подобрување на управувањето со заштитени подрачја“ даде значаен придонес за зачувување на биолошката разновидност и обновување на напуштени природни живеалишта.