„Фајненшл тајмс“: Се создава нов светски економски поредок

Полека, но сигурно се формира нов светски енергетски поредок, во кој доларот нема да биде доминантно платежно средство, пишува „Фајненшл тајмс“.

Подготвеноста на Кина да се префрли на купување нафта од земјите од Персискиот Залив во јуани води кон формирање на нов светски енергетски поредок, според „Фајненшл тајмс“.

Пред 77 години, американскиот претседател Френклин Делано Рузвелт и саудискиот крал Абдул Азиз Ибн Сауд се договорија за геополитички сојуз, според кој, американските безбедносни гаранции за Саудијците на Блискиот Исток беа во еден вид размена за договор за ексклузивна продажба саудиска нафта во американски долари.

Сепак, времињата јасно се променија и 2023 година може да се запамети како година кога оваа голема петродоларска зделка почна да се менува, бидејќи се формираше нов светски енергетски поредок меѓу Кина и Блискиот Исток.

Додека Кина веќе некое време купуваше зголемени количини нафта и течен природен гас од Иран, Венецуела, Русија и делови од Африка во сопствена валута наместо во долари, средбата на претседателот Си Џинпинг со лидерите на Саудиска Арабија и Советот за соработка во Заливот во декември го одбележа „раѓањето на петројуанот“, како што оцени Золтан Позар, стратег на „Кредит Свис банка“, пишува „Фајненшл тајмс“.

Кинескиот лидер на средбата рече дека Пекинг е подготвен да ја поттикне трговијата со нафта и гас со овие земји во јуани.

Според Позар, Кина сака да ги ревидира правилата на глобалниот енергетски пазар“ како дел од стратегијата за намалување на трговијата со долари, што е поддржано од кинеските партнери во БРИКС и голем број други земји во време кога девизните резерви во долари се претворање во политичко оружје на САД и ситуацијата со замрзнување на руските средства поради ситуацијата во Украина.

Во текстот се нагласува дека соработката меѓу Кина и арапските држави може да вклучи заедничко истражување и производство на нафта и гас во Јужното Кинеско Море, како и инвестиции во рафинерии, хемиската индустрија и погони за производство на пластични производи.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *