Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, синоќа во Брисел изјави дека Албанија и Црна Гора постигнале импресивен напредок во процесот на европска интеграција, што треба да ги инспирира и другите партнери од Западен Балкан.
По самитот на Европската Унија и Западен Балкан Фон дер Лајен во писмена изјава изјави дека „проширувањето на ЕУ, за прв пат по повеќе од десет години, стана реална можност“.
„Сакам да го пофалам огромниот напредок на Албанија и Црна Гора. Она што го постигнаа е импресивно. Нивниот напредок е импресивен извор на инспирација за другите партнери од Западен Балкан и испраќа силна порака до светот за привлечноста на европската понуда. Тоа е понуда на солидарност, можности и стабилност. За да ја претвориме таа понуда во реалност, интензивно работиме на постепена интеграција“, рече фон дер Лајен.
Фон дер Лајен: Импресивниот напредок на Албанија и на Црна Гора е инспирација за останатите земји во регионот
©2024 Спектра ТВ. Сите права задржани. Made by
Ultrasoft