Државната изборна комисија денеска одржа седница на која спроведе ждрепка за редоследот на претседателските кандидати.
На гласачкото ливче за претседателски избори под број еден е кандидатот на СДСМ – Стево Пендаровски. Број два е кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ- Гордана Силјановска-Давкова, број три е кандидатот на ГРОМ – Стевчо Јакимовски. Под број четири е кандидатот на ДУИ, Бујар Османи, под број пет е Билјана Ванковска-Цветковска, кандидат на Левица. Под број шест е Арбен Таравари од Алијанса за Албанците и под број седум е кандидатот на ЗНАМ – Макисм Димитриевски.
Претседателските избори ќе се одржат на 24 април оваа година, а вториот круг ќе се одржи на 8 мај заедно со парламентарните избори.
На 4 април на полноќ ќе започне изборната кампања за претседателските избори, а ќе заврши на 22 април на полноќ.