[ФОТО] Ненеци – необично племе од Русија: Живеат на -50°C, јадат сирово месо од ирваси

Едно интересно, а за многумина малку необично племе живее во областа помеѓу Белото Море и полуостровот Таимир, лоцирана на северниот брег на Сибир во Русија. Ненеците, племе кое некои го нарекуваат Самоједи или Јураци, живеат на екстремно ниски температури. Тие живеат во региони на Русија каде температурите паѓаат до -50 степени Целзиусови.

Тие се една од двесте национални и етнички групи во Русија, која денес брои околу четириесет и пет илјади луѓе. Се хранат со сирово месо и крв на диви животни, главно елени, па затоа се нарекуваат „деца на елени“.

Рогот на ова животно се смета за деликатес во нивната кујна, а еленската кожа и крзното ги штитат од ниски температури. Поради таквата исхрана, никогаш не им недостига витамин Ц во организмот.

Тие не јадат печурки бидејќи со нив се хранат елените, а овие животни ги користат и како главно превозно средство. Во зима го покриваат телото со лој од животинска маст за да обезбедат дополнителна заштита од студот.

Тие живеат во преносливи шатори наречени „chumes“ (чум). Чум не е само куќа, туку и минијатурен модел на светот – отворот на врвот ја претставува врската со Сонцето и Месечината. Странец кој случајно се наоѓа во населба Ненец мора да влезе во секој чум и да дозволи домаќинката да го послужи со локална храна и пијалак.

Изработката на чум е исклучиво женска задача, а овие номади ја чистат територијата по секое движење, палејќи ги дури и преостанатите прамени коса или исечени нокти, бидејќи веруваат дека така, зли духови нема да можат да ги најдат. Нивната религија е анимизам, веруваат во духови на небото, земјата, реките…

Децата веќе се подготвуваат за своите идни улоги од четиригодишна возраст – девојчињата учат да шијат облека од крзно и кожа, а момчињата учат да ловат и возат санки влечени од елени. На децата им е забрането да и наштетуваат на земјата на кој било начин. Не смеат да си играат со оган и вода. Главното правило на кое тие се учат е „користете умереност при лов“ и „никогаш не кревајте рака на елен“.

Уште од времето на СССР, децата Ненеци беа одвоени од родителите поголемиот дел од годината за да одат на училиште. Ги сместуваат во интернати каде учат јазици, модерна технологија, музика… Само дморот го поминуваат во тундра со родителите. Многумина од нив потоа го напуштаат номадскиот начин на живот, но сепак има и такви кои не можат без слободата на сибирската тундра.

Фото: Давор Ростухар

ОСТАНАТИ ВЕСТИ