ФОТО: Страшна железничка несреќа во Грција, најмалку 32 загинати и над 80 повредени

Најмалку 32 лица го загубија животот, а 85 се повредени во железничката несреќа што се случи кусо пред полноќ во близина на месноста Темпи кај грчкиот град Лариса, кога од засега непознати причини се судрија товарен и патнички воз.

Спасувачките екипи цела ноќ беа на терен, нивната акција продолжува и утрово, а според официјалните информации од Противпожарната служба на Грција, заклучно со 6.30 часот, бројот на загинати достигна до 32 лица, додека од повредените 85 патници, 53 се хоспитализирани.

Причината за несреќата и понатаму е непозната, а како што соопштија од компанијата „Hellenic Train“, возот со околу 350 патници што сообраќал на релација Атина – Солун директно се судрил со товарен воз.

Од директниот судир, вагоните излетале од шините, по што избил и пожар.

Портпаролот на Противпожарната служба на Грција Василиос Ватракојанис утрово соопшти дека акцијата е фокусирана на првите два вагони кои што се превртени, а се интервенира со помош на четири специјални кранови.

Паралелно во тек е и процесот на идентификација на жртвите.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ