[ФОТО] Тој беше најдебелиот човек на светот, тежеше 610 килограми, а потоа ослабна 542 килограми и денес изгледа неверојатно – послаб е од манекен

Калид Бин Мохсен Шари, некогаш познат како најдебелиот човек на светот, во последните 10 година помина низ целосна трансформација којашто му го смени животот, а сето тоа со помош на Абдулах, поранешниот крал на Саудиска Арабија, па така Калид којшто некогаш имал 610 килограми, ослабна неверојатни 542 килограми.

Насмеаниот човек, како што го опишува медицинскиот персонал којшто се грижел за него и го следел неговиот случај, но и му помогнал телесната тежина да ја стави во нормална граница, успеа да постигне неверојатна трансформација. Во ова секако му помогнал неговиот непоколеблив став и позитивниот пристап кон животот и проблемите со кои се соочувал.

Кралот Абдулах ги платил сите операции

Сè започна во 2013 година кога кралот Абдулах дозна за ситуацијата на Шари, односно за сериозниот здравствен проблем со којшто тој се соочувал во тие моменти. Кралот бил особено трогнат од неговата ситуацијата и одлучил од сè срце да му помогне, така што му ги плати сите неопходни операции и му го спаси животот.

Случајот го воделе 30 медицински експерти

Грижата за Калид била препуштена на група од 30 медицински експерти, а тој исто така бил префрлен од неговото живеалиште во градот Џезан на југот од Саудиска Арабија, во главниот град Ријад каде што се наоѓаат најголемите медицински центри.Калид поради огромната тежина бил префрлел со помош на виљушкар и посебно дизајниран кревет за процедурите на транспортот.

Тој помина низ многу медицински третмани во Ријад, вклучувајќи ја операцијата на гастритичен бајпас – хируршка процедура којашто се применува при лкувањето на дебелината, особено кај пациенти коишто се премногу дебели, и кај коишто редукцијата на телесната маса не може да се постигне со вежбање или диети. Калид исто така имал внимателно испланирана исхрана и програма за вежбање, а за само шест месеци тој успеал да изгуби повеќе од половина од неговата телесна тежина. Неговата подвижност исто така била подобрена со конструкцијата на големи, посебно дизајнирани инвалидски колички, кои му овозможиле да оди на физикални терапии, но сепак му била потребна помош за да може да седне.

Во текот на 10 години од 610 килограми стасал до 63, 5 килограми

Калед во текот на 10 години успеал да ослабне и да стаса до неверојатни 63, 5 килограми, меѓутоа му биле потребни уште неколку операции, како што е операцијата за отстранување на випокот кожа од неговотот тело, а којашто била клучен чекор за неговтот долгорочно здравје и благосостојба.

Во меѓувреме на социјалните мрежи почнаа да се појавуваат неговите фотографии, на коишто може да се види дека, и во текот на неговото тешко опоравување тој цело време бил насмеан и позитивен, а неговиот физички изглед по децении долгата борба со килограмите, терапиите, диетите, дополнително воодушевува и ги мотивира сите коишто се соочуваат со слични здравствени проблеми.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ