Франција бара од ЕУ воведување негативни ковид-тестови за патниците од Кина

Поради зголемениот број на заболени од коронавирус во Кина, Франција денеска ги повика земјите од ЕУ да воведат заштитна мерка за задолжителен негативен тест за патниците кои доаѓаат од таа земја, не постари од 48 часа.

Од вкупно 27 земји на ЕУ, Италија и Шпанија засега бараат негативни тестови за коронавирус.

Челниците на ЕУ, сепак, минатата недела не успеаја да се договорат за воведување заеднички заштитни мерки, а разговорите на оваа тема ќе продолжат оваа недела.

– Франција ќе се залага за примена на оваа методологија во ЕУ, изјави францускиот министер за здравство Франсоа Брон додека ги проверуваше новите процедури со министерот за транспорт Клемент Бон на парискиот аеродром Шарл де Гол.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *