Брод со 137 патници се удри во мост на каналот Мајна-Дунав во Баварија, на југот на Германија, но никој не е повреден, соопшти полицијата денес.
Несреќата се случила доцна синоќа додека бродот се приближувал кон градот Дитфурт, околу 70 километри југоисточно од Нирнберг, објави „Штерн“.
Несреќата се случила бидејќи кабината на кормиларот била превисока, па удрил во мостот, предизвикувајќи значителна материјална штета, соопшти полицијата.
Германија: Брод со 137 патници удри во мост, нема повредени
©2024 Спектра ТВ. Сите права задржани. Made by
Ultrasoft