Голема трагедија во Турција: Катастрофален пожар во хотел однесе 76 животи

Бројот на жртви во катастрофалниот пожар што ја зафати хотелот Гранд Картал во Турција се зголеми на 76, додека 51 лице е повредено. Преживеаните сведочат за сериозни недостатоци во безбедносните мерки, вклучувајќи неработечки аларми и недостаток на противпожарни скалила. Турските власти привеле девет лица поврзани со трагедијата, а пожарот се поврзува со дрвените облоги на ѕидовите. Спасувачките екипи продолжуваат со пребарувањето на теренот. Трагедијата во ски-центарот Карталкаја го потресе регионот, а бројот на жртви во пожарот што ја зафати хотелот Гранд Картал се искачи на 76, додека 51 лице е повредено, од кои најмалку едно е во критична состојба. Во моментот на несреќата, хотелот бил речиси целосно полн со 238 гости.

Безбедносни пропусти

Пожарот дополнително го влошиле сериозни пропусти во безбедноста, како што се нефункционални аларми за опасност и недостаток на противпожарни скалила. Преживеаните сведочат дека паниката брзо се раширила, бидејќи гостите не биле насочени како да се евакуираат на безбеден начин. Многумина од повредените скокале од прозорци и тераси за да се спасат, а некои се обидувале да се спуштат користејќи чаршафи.

Причини за пожарот

Првичните истраги покажуваат дека пожарот започнал на четвртиот кат, а неговото брзо ширење било предизвикано од дрвените облоги кои биле поставени за естетски ефект. Овој дизајнерски избор се покажал како фатален, бидејќи помогнал во ширењето на огнот низ целиот хотел. Турските власти веќе започнаа истрага за да ги утврдат причините и евентуалната одговорност за трагедијата.

Приведени лица и реакција од властите

Турското Министерство за внатрешни работи потврди дека девет лица се приведени, вклучувајќи менаџери на хотелот и други одговорни лица. Министерот за внатрешни работи, Али Јерликаја, истакна дека локацијата на хотелот на рид дополнително го отежнала пристапот на противпожарните екипи, што влијаело на брзината на интервенцијата.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изрази жалост за трагедијата и најави строги мерки за да се избегнат вакви несреќи во иднина. Во меѓувреме, специјална владина комисија забрани емитување видеа од трагедијата во националните медиуми, додека на социјалните мрежи продолжуваат да се споделуваат снимки од местото на настанот.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ