Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, оствари средба со претставници на месната заедница на Лабуништа – една од најголемите и најзначајни заедници во општината.
На средбата отворено се разговараше за предизвиците со кои се соочуваат жителите, како и за потребата од посилен институционален фокус и континуирана комуникација, битни работи кои до сега ги немаше за жителите на Лабуништа. Градоначалникот истакна дека овие прашања не се само административни теми, туку реални животни потреби на граѓаните, кои бараат посветеност, трпение и одговорно управување.
Градоначалникот нагласи дека Општина Струга ќе вложи конкретен ангажман за надминување на предизвиците еден по еден, со јасна намера Лабуништа да добие поголемо внимание и поддршка, каква што заслужува. Тој порача дека оваа заедница не е само дел од општината, туку заедница на блиски луѓе и пријатели, со кои се гради доверба и партнерство.
Општина Струга останува посветена на рамномерен развој, дијалог со граѓаните и политики што се темелат на почит, блискост и заедничка одговорност за иднината.