Грчката Влада ќе покрене иницијатива за проверка на сеизмичката издржливост на јавните објекти

Антисеизмичката заштита и издржливост на јавните објекти, пред сѐ на училиштата и болниците, била главната тема на денешниот состанок на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со надлежните министри, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

На состанокот станало збор за контролите на конкретните објекти и нивната сеизмичка издржливост, прашање за кое во текот на следната седмица ќе бидат соопштени и конкретни иницијативи.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ