Недела, 8 ноември 2026 недела, 8 ноември Струга 12°C Струга 12°C Пријави вест
Свет

Гутереш ја поздрави одлуката на Асад да отвори повеќе гранични премини кон Сирија

Објавено: · 1 мин читање

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш ја поздрави одлуката на сирискиот претседател Башар Ал Асад да ги отвори двата премини Баб ал-Салам и Ал Раи за да се овозможи испорака на хуманитарна помош од Турција до деловите на северозападна Сирија кои се под контрола на бунтовниците.

– Додека бројот на жртвите од земјотресот на 6 февруари продолжува да расте, доставувањето храна, лекови, храна, заштита, засолништа, зимски резерви и други средства за спасување на сите милиони луѓе погодени е од крајна итност, нагласи Гутереш во изјава.

– Отворањето на овие премини – заедно со олеснувањето на хуманитарниот пристап, забрзувањето на одобрувањата на визите и олеснувањето на патувањето меѓу центрите – ќе овозможи повеќе помош да оди побрзо, додаде тој.

Во моментов, на ОН им е дозволено да достават помош во северозападната област Идлиб само преку единствен премин во Баб ал-Хава, на инсистирање на сирискиот сојузник Русија.

Сирискиот претседател Башар ал Асад претходно се согласи да отвори два нови премини од Турција кон северозападниот дел на земјата кој е под контрола на бунтовниците, за да може да се достави неопходната помош до милиони Сиријци погодени од земјотресите. (МИА)