Хабек: Првата задача на новиот германски министер за одбрана ќе биде носење одлука за тенкови за Украина

Првата точка од распоредот на следниот германски министер за одбрана ќе биде дали да испорача напредни борбени тенкови во Украина, изјави денеска германскиот министер за економија Роберт Хабек.

– Кога ќе биде назначен нов министер за одбрана, тоа ќе биде првото прашање за кое треба да донесе конкретна одлука, изјави Хабек за германското национално радио „Дојчландфунк“ на маргините на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија.

Германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт вчера поднесе оставка, во време кога владата во Берлин е под зголемен притисок да дозволи испраќање борбени тенкови во Украина. Германската влада се соочува со обновени апели да испрати тенкови Леопард 2, кои Украина ги смета за клучни ако сака да ја победи Русија или барем да одобри нивна испорака од други земји, како што е Полска. Варшава е јасна за својата намера да снабдува борбени тенкови, но бара дозвола од Германија како земја на производство.

Германскиот канцелар Олаф Шолц вчера најави дека брзо ќе дејствува за да ја замени Ламбрехт, а Франкфуртер алгемајне цајтунг, повикувајќи се на владини извори, објави дека нејзиниот наследник ќе биде именуван денеска.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

8 Comments

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *