Хамас: Бомбардиравме град во централниот дел на Израел со налет на ракети

Вооруженото крило на Хамас денеска соопшти дека бомбардирало град во централниот дел на Израел со налет на ракети „Макадмех М90“.

Хамас на Телеграм објави дека го извршил нападот како дел од тековната борба да го истроши Израел и дека тоа е одговор на, како што е наведено, „израелските масакри на цивили и намерното раселување“ на палестинскиот народ, објави Ал Џезира.

Израелската војска соопшти дека се активирани предупредувања за воздушни напади во централен Израел, а израелскиот Канал 12 објави дека војската открила пет ракети истрелани кон Тел Авив и околните градови, вклучувајќи ги Холон и Бат Јам.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ