Хамас одбива да се разоружа, имаат еден услов

Високиот функционер на Хамас, Халед Мешал, изјави дека движењето ќе го задржи своето оружје како дел од договорот што вклучува долгорочен прекин на огнот и распоредување на меѓународни сили за стабилизација по должината на границата со Појасот Газа за да се спречи уште една израелска војна. Тој ги отфрли повиците за разоружување, нарекувајќи ги „неприфатливи“ за Палестинците.
Во интервју за телевизијата Ал Џезира во вторникот, Мешал рече дека приближувањето на втората фаза од договорот за прекин на огнот во Газа го зголемува притисокот за принудување на Хамас да се откаже од оружјето, барање што им го припиша на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и други функционери.
„Ова е неприфатливо во културата на нашиот народ“, рече тој.
Мешал рече дека Хамас е подготвен да прифати договори што обезбедуваат мир и го спречуваат Израел да ја обнови војната во Газа, вклучително и сценарио во кое оружјето на отпорот ќе биде зачувано, но нема јавно да се прикажува или користи.
„Сакаме гаранции дека израелската војна во Газа нема да се врати“, рече тој.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ