Хамас соопшти дека не го добил планот за прекин на огнот во Газа предложен од Трамп

Палестинското милитантно движење Хамас денес објави дека не го добило планот за прекин на огнот во Појасот Газа предложен од американскиот претседател Доналд Трамп, откако израелските медиуми објавија дека групата го прифатила предлогот.

„На Хамас не му е презентиран никаков план“, изјави за Ројтерс официјален претставник на Хамас под услов да остане анонимен.

Израелскиот весник „Хаарец“ претходно објави, повикувајќи се на неименувани извори, дека Хамас во принцип се согласил да ги ослободи сите израелски заложници што ги држи, во замена за стотици палестински затвореници и постепено повлекување на израелските трупи според планот на Трамп, пренесува Ројтерс.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ