Хезболах: Почина нашиот лидер Хасан Насралах

Хезболах потврди дека нивниот лидер Хасан Насралах починал, штотуку беше објавено.

Во соопштението објавено пред неколку минути, Хезболах ја потврди смртта на својот лидер по израелскиот воздушен напад и вети дека ќе ја продолжи борбата против Израел.

„Сајед Хасан Насралах им се придружи на своите сограѓани маченици (…) чиј марш го водеше речиси триесет години“, се вели во соопштението за печатот на Хезболах, најблискиот сојузник на Иран, според агенцијата Франс прес.

„Раководството на Хезболах ќе го продолжи својот џихад против непријателот, ќе ги поддржува Газа и Палестина и ќе го брани Либан и неговиот чесен народ“, напишаа тие во соопштението.

Во соопштението не се споменува кој ќе го наследи Насрала и како групата ќе одговори на убиството на нејзиниот долгогодишен водач.

„Тежок удар за Хезболах“

Смртта на Насрала, кој се смета за најмоќниот човек во Либан, ризикува да ја потресе неговата партија, да ја дестабилизира земјата и претставува голема победа за Израел против Иран и неговите сојузници во регионот, додава АФП.

Неговата смрт е тежок удар за Хезболах, кој се соочува со се поинтензивни израелски напади. Тоа е удар и за Иран, со оглед на значајната улога што ја одигра во таканаречената „оска на отпорот“, посочува Ројтерс.

Претходно израелската армија објави дека го убила лидерот на Хезболах.

BREAKING: Hezbollah has confirmed the death of its leader Hassan Nasrallahhttps://t.co/jQUJPG6CiM

Sky 501, Virgin 602, Freeview 233 and YouTube pic.twitter.com/cAF5GFpZ43

— Sky News (@SkyNews) September 28, 2024

ОСТАНАТИ ВЕСТИ