ХИВ регистриран кај 1,3 милиони лица во светот, од СИДА починале 630.000 лица

Светската здравствена организација објави во пресрет на Светскиот ден на СИДА-та дека во текот на 2024 година, ХИВ инфекција е регистрирана кај 1,3 милиони луѓе, додека 630.000 луѓе починале од причини поврзани со ХИВ.
Тие наведуваат дека во 2024 година, 40,8 милиони луѓе ширум светот живееле со ХИВ. СЗО, заедно со партнерите, го одбележува Светскиот ден на СИДА-та оваа година под слоганот „Надминување на нарушувањата, трансформирање на одговорот на СИДА-та“ и повикува на одржливо политичко водство, меѓународна соработка и пристапи засновани на човекови права за да се стави крај на епидемијата на СИДА до 2030 година.
„По децении напредок, одговорот на ХИВ е на раскрсница. Услугите што спасуваат животи се нарушени, а многу заедници се соочуваат со зголемени ризици и ранливости. Сепак, и покрај овие предизвици, надежта останува во решителноста, отпорноста и иновативноста на заедниците што се стремат да ја искоренат СИДА-та“, соопшти СЗО.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ