Христијан Мицкоски во Лабуништа утре (петок)

Утре (петок) со почеток во 14:30 часот, во просториите на штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Лабуништа, ќе се одржи средба со премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, господинот Христијан Мицкоски.

Настанот претставува извонредна можност за граѓаните да се запознаат одблиску со плановите, визијата и политиките кои партијата ги промовира за подобра и посилна иднина на Република Македонија.

Господинот Мицкоски ќе се обрати пред присутните со осврт на актуелните состојби во државата, најавувајќи идни проекти и конкретни мерки насочени кон подобрување на животниот стандард, економскиот развој и поддршката за локалните заедници.

Од ВМРО-ДПМНЕ – Лабуништа упатуваат покана до сите граѓани да присуствуваат на средбата, да поставуваат прашања и заедно да ја покажат поддршката, единството и решеноста за промени.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ