Италија се соочува со големи прекини во јавните услуги поради генерален штрајк

Денес, Италија се соочува со сериозни прекини во јавните услуги поради генерален штрајк свикан од најголемото синдикално седиште, CGIL, во знак на протест против нацрт-буџетот.
Штрајкот започна на полноќ и ќе трае до вечерва во 21 часот, објавува Stampa.
CGIL бара замрзнување на возраста за пензионирање, стабилизација на привремените договори, кои сочинуваат до една четвртина од вработените во образовниот сектор, како и напуштање на плановите за дополнително вооружување.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ