ИЗРАЕЛ СЕ МОБИЛИЗИРА Полицијата и војската на готовс поради терористички напади

Израел соопшти дека мобилизира полиција и воени резервисти за да се спротивстави на бранот палестински напади во кои загинаа три лица, вклучително и еден италијански турист, на Западниот Брег и во Тел Авив во петокот.

Мобилизацијата е најавена доцна синоќа.

Насилството се интензивираше на почетокот на неделата кога полицијата се судри со Палестинците во џамијата Ал-Акса, а израелската армија го нападна Појасот Газа и Либан по ракетниот истрел за кој се обвинуваат палестинските екстремистички организации.

Најновата тензија се случи на средината на муслиманскиот пост Рамазан, кој оваа година се совпаѓа со еврејската Пасха и Велигден.

Израелските власти објавија дека еден италијански турист загинал, а уште петмина италијански и британски државјани се повредени кога возило налетало на група туристи во Тел Авив, пренесе АП.

Во одделен вооружен напад, две израелски сестри кои исто така имаа британско државјанство беа убиени во близина на еврејска населба на окупираниот Западен Брег.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ