Денес беше извршено порибување на реката Црн Дрим – акумулацијата Глобочица, со внесување на 100 килограми крап-помладок. Активноста се реализираше во присуство на инспектори од Министерството за шумарство и водостопанство на РСМ, како и членови и поддржувачи на локалното риболовно друштво.
Голема благодарност до Македонската риболовна федерација (МРФ) за финансиската поддршка и континуираниот придонес во унапредувањето на рибниот фонд.


