Каја Калас: ЕУ го подготвува 20-тиот пакет санкции против Русија и заем од 90 милијарди евра за Украина

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денес изјави дека политиката на ЕУ е конзистентна во однос на поддршката на Украина и зголемувањето на трошоците за војна за Русија, и најави нов, 20-ти пакет санкции против Москва и заем од 90 милијарди евра за Киев во следните две години.
Калас истакна дека ЕУ ќе ѝ додели на Украина заем од 90 милијарди евра за финансирање на функционирањето на државата и одбраната, а истовремено ќе работи на 20-тиот пакет санкции против Русија, кој треба да биде финализиран до крајот на февруари.
„Рускиот претседател Владимир Путин ќе ги сфати преговорите сериозно само ако го принудиме на тоа“, рече Калас, додавајќи дека Русија има амбиции што одат подалеку од Украина и дека ЕУ мора дополнително да ја подобри својата одбранбена подготвеност, според соопштението на веб-страницата на Европската служба за надворешни активности (ЕЕАС).

ОСТАНАТИ ВЕСТИ