На 04.02.2024 година од 13 до 19 часот, на подрачјето на СВР Охрид е спроведена засилена сообраќајна контрола.
- Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 87 возачи кои во и надвор од населено место, управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената. Од нив во Охрид-17, во Струга-48, Кичево-18 и во Дебар-04, информираат од СВР Охрид.