Кои се најскапите фудбалери од регионот?

И покрај тоа што големите натпреварувања се на пауза, фудбалот и понатаму е во центарот на вниманието поради преодниот рок.

Од јуни до септември европскиот фудбал ги напушта терените и се „развива“ во канцелариите на клубовите. Во овој период претстои трансфер рокот и секој клуб тргнува да го реализира својот спортски проект.

Неколку фудбалери од земјите од регионот се истакнаа во последната сезона и се во вниманието на големите европски клубови за евентуален трансфер ова лето.

Ова се најскапите фудбалери од Албанија, Косово и Северна Македонија, според специјализираната веб-страница Трансфермаркт.

Северна Македонија

Елиф Елмас Наполи 26 милиони евра
Енис Барди Трабзонспор 4,7 милиони евра
Езѓан Алиоски Фенербахче 4 милиони евра
Столе Димитриевски Р. Валекано 4 милиони евра

Веројатно најскапиот македонски фудбалер е Елиф Елмас, уште еден фудбалер од регионот кој оваа година беше крунисан за италијански шампион со Наполи. Вредноста на поранешниот фудбалер на Фенербахче се проценува на 26 милиони евра.

Втор најскап е играчот од средниот ред на Трабзонспор, Енис Барди. Скопскиот „специјалист“ за слободни удари моментално е проценет на 4,7 милиони евра.

Третото и четвртото место за најскап фудбалер од Северна Македонија го делат Езѓан Алиоски од Фенербахче и голманот на Мајорка, Столе Димитриевски, вреден 4 милиони евра.

Поранешниот капитен на Динамо Загреб, сега фудбалер на кинескиот тим Пекинг Гуан, Аријан Адеми со 2,5 милиони евра е петти најскап фудбалер од Северна Македонија

Албанија

Армандо Броја Челзи 28 милиони евра
Кристјан Аслани Интер 12 милиони евра Берат Џимшити Аталанта 10 милиони евра Мирто Узуни Гранада 9 милиони евра Мараш Кумбула Рома 8 милиони евра

Армандо Броја во моментов е најскапиот албански играч, вреден 28 милиони евра според специјализираната веб-страница Трансфермаркт. 21-годишниот напаѓач моментално е играч на англискиот гигант Челзи, додека чека да ги слушне плановите на новиот тренер на лондонскиот тим, Маурисио Покетино.

Фудбалерот на албанската репрезентација може да продолжи во Челзи или да замине на позајмица во друга екипа, како што тоа го направи пред две сезони во Саутемптон каде имаше фантастичен настап.

Втор според вредноста е Кристијан Аслани, надежниот играч од редовите на Интер. Италијанскиот тим, кој годинава стигна до финалето на Лигата на шампионите, сака да го задржи Албанецот во тимот, давајќи му простор да расте со оглед на тоа дека се работи за 21-годишник.

Вредноста на Аслан моментално се проценува на 12 милиони евра.

Берат Џимшити од Аталанта е проценет на 10 милиони евра. Неговата вредност е значително намалена поради возраста, бидејќи фудбалерот веќе има 30-ти години. Неговиот личен рекорд за вредноста е 22 милиони евра, во текот на 2021 година.

Мирто Узуни оваа година за Гранада постигна 23 гола и неговата вредност се зголеми на 9 милиони евра. Според вредноста, напаѓачот на шпанскиот тим е четвртиот албански играч.

Петти најскап е Мараш Кумбула, уште еден фудбалер во италијанското првенство. 23-годишниот играч настапува за тимот на Рома и неговата вредност се проценува на 8 милиони евра.

Косово

Амир Рахмани Наполи 25 милиони евра
Ведат Муриќи Мајорка 15 милиони евра Аријанет Муриќ Бaрнли 12 милиони евра Милот Рашица Галатасарај 8,5 милиони евра Едон Жегрова Лил 8 милиони евра

Најскап фудбалер со косовско државјанство е Амир Рахмани, кој е проценет на 25 милиони евра. 29-годишниот дефанзивец имаше одлична сезона со Наполи, откако по многу децении стана шампион на Италија.

Високиот напаѓач на Мајорка, Ведат Муриќи е вториот најскап играч од Косово. Неговата моментална вредност е 15 милиони евра.

Третиот најскап играч од Косово е голманот Аријанет Муриќ, вреден 12 милиони евра, според Трансфермаркт. 24-годишниот фудбалер му помогна на тимот на Барнли да се искачи во англиската Премиер лига од втората лига.

Милот Рашица е четвртиот најскап фудбалер во Косово. 27-годишниот фудбалер роден во Вучитрин годинава со Галатасарај беше прогласен за турски шампион. Неговата моментална вредност е 8,5 милиони евра.

Крилниот напаѓач на францускиот тим Лил, Едон Жегрова ги комплетира петте најскапи фудбалери од Косово. Вредноста на Жегрово според Трансфермаркт е 8 милиони евра.

извор:trtbalkan

ОСТАНАТИ ВЕСТИ