Кому му следува државна помош од 3.000 евра во Германија?

Дали скоро четвртина од населението на Германија наскоро ќе добие по 3.000 евра од државата?

Високата стапка на инфлација става огромен финансиски товар на германските домаќинства, а особено страдаат оние со ниски приходи.

Законот предвидува бонус до 3.000 евра за вработените. И додека вработените добиваа додаток за компензација на инфлацијата, пензионерите во Германија копнеат и за еднократна исплата или субвенција, пренесува магазинот Fenix.

„Ова е надоместок што го плаќаат работодавачите доброволно. До крајот на 2024 година, плаќањата треба да бидат можни без плаќање даноци и социјално осигурување“, соопшти германската влада за мерките за вработените.

Соодветен надоместок за инфлација во моментов се обезбедува и за пензионерите. Според германските медиуми, за ова е одговорен неодамна донесениот колективен договор за јавниот сектор. Затоа, пензионерите кои работеле во државната служба имаат право да добиваат бонуси.

Во предлог-законот се вели: „Примателите на пензии ќе добиваат исплати во 2023 година еднократна во јуни 2023 година во износ од 1.240 евра во зависност од соодветната пензија и стапката на учество и за месеците од јули 2023 до февруари 2024 година месечно во износот од 220 евра, исто така во зависност од соодветната пензија и стапка на учество“.

„Колку подолго службеникот бил во служба, толку му е поголема пензијата – максимум 71,75 отсто. Пензионер со максимална стапка ќе добие вкупно 2.152,50 евра бонуси без данок“, пресметаа германските медиуми.

Оттука, приближно 21 милион „нормални“ пензионери кои не биле државни службеници во текот на нивниот работен век немаат право на инфлациски надоместок.

Социјалното здружение VdKго критикува овој нееднаков третман.

Од 1 јули 2023 година, законските пензии се зголемени за 4,39 отсто на Запад и 5,86 отсто во новите сојузни држави, но според VdK, ова не е политичка отстапка. Најважен фактор за развој на законските пензии е развојот на платите. Поради тоа, усогласувањето на пензиите не може да се надомести со премија за инфлација, велат од здружението VdK.

Отсуството на додаток за инфлација затоа е големо разочарување за пензионерите. Особено што храната во моментов сè уште е најсилниот двигател на цените.

„Цените на храната се зголемија за 13,7 отсто во јуни 2023 година во споредба со истиот месец од претходната година, по + 14,9 отсто во мај 2023 година. Оттука, храната останува најсилниот двигател на цените меѓу стоковите сектори“, според Заводот за статистика.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ